Најмалку 13 мртви, 105.000 раселени поради пожарите во Калифорнија

Најмалку 13 лица загинаа во пожарите што од понеделникот горат во американската држава Калифорнија, објавија локалните власти, додавајќи дека околу 100 лица се повредени..

Неколку стотици пожарникари ги гаснеа 17-те пожари, кои досега уништија околу 300.000 хектари шума и принудија околу 105.000 луѓе привремено да ги напуштат своите домови.

Пожарите горат во осум области во северна Калифорнија, вклучувајќи ги и Напа и Сонома, познати по винарството.

Уништени се повеќе од 1.500 куќи и деловни простории.

Оваа година Калифорнија ја погоди голема суша



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top