Најмалку една жртва во напад во средно училиште на Флорида

Најмалку едно лице загина денеска и повеќе од 20 се ранети во напад во средно училиште во градот Паркленд на Флорида..

Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот за нападот.

Училиштето е блокирано, и според американски медиуми можно е бројот на жртви да биде многу поголем.

На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top