Најопасната птица во светот со канџи уби човек во Флорида

Еден човек го загуби животот во Флорида, САД откако паднал во близина на голем казуар, птица која не може да лета, а потекнува од Австралија и Нова Гвинеја и се смета за најопасната птица во светот. Птицата го нападнала и убила со канџите..

Човекот бил сопственик на фарма во која одгледувал казуари. Овие птици најчесто ги купуваат колекционери на егзотични птици. Според зоолошката градина во Сан Диего, казуарот оправдано се смета за најопасна птица во светот. Големиот казуар може да го распори пленот со еден удар.

„Секое стапало со три прсти има канџи како бодеж на внатрешниот палец, долг до 10 сантиметри. Големиот казуар може да распори плен или било која закана со еден брз удар“, стои на интернет страницата на зоолошката градина во Сан Диего.

Иако човекот бил превезен во болница, подоцна тој починал од повредите.

Големиот казуар е блиска птица до австралискиот ему и втора најтешка птица во цветот. Може да биде висок до 1,7 метри.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top