Наместо шеф, со работниците и со компанијата ќе управува вештачка интелигенција

Компанијата Bridgewater Associates е американска инвестициска куќа со имот поголем од 160 милијарди долари, која инвестира во разни проекти ширум светот..

Таа за наскоро ќе почне да ја користи вештачката интелигенција. Со таа цел уште минатата година основаа тим од експерти кој би требало да изработи систем по нивна желба и да го прилагоди на потребите на компанијата.

Бидејќи најголем дел од работата на Bridgewater Associates се врти околу податоци, системот за машинско учење би можел да ги анализира тие податоци и да помогне за носење битни одлуки, а подоцна дури и сам да ги носи без помош од луѓе. Вработените во компанијата ќе останат таму како контрола и ќе ги одредуваат насоките по кои ќе работи компјутерот. Исто така, ќе се вклучуваат во ситуации кога ќе треба помош на вештачката интелигенција.

Вештачката интелигенција ќе управува со компанијата, ќе одлучува за секојдневните проблеми и предизвици, ќе вработува и ќе отпушта вработени, а ќе учествува и во одлуките за инвестирање во одредени проекти. Предноста на машините над луѓето во овој случај е тоа што се поевтини, поефикасни и непристрасни при одлучувањето.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top