Намирници кои ќе ви помогнат доколку имате вишок килограми

Ова е листата на намирници кои освен што се здрави, се и многу ефикасни во топењето на вишокот килограми….

Јаболки

Едно јаболко со средна големина содржи 4 гр. влакна, а големото содржи пет. Јаболките исто така содржат и витамин Ц и калиум.

Печурки

Печурките содржат 4 гр. влакна и триесет проценти од дневната препорачана количина на витамин Ц, кој покрај се, и помага и на вашата кожа.

Малини

Тие се одличен избор на влакна, од кои дел доаѓаат во обик на полисахарид пектин кој помага во намалувањето на холестеролот. Богати се со витамин Ц.

Јагоди

Осум јагоди содржат околу три грама влакна и дури повеќе од дневната препорачана количина на вредниот антиоксидант, витаминот Ц.

Леблебија

Една шака леблебија содржи вртоглави 8гр. влакна. Покрај тоа, ја добивате и препорачаната количина на витаминот Б6, како и фолната киселина, хранливи состојќи важни за создавање на нови здрави клетки.

Тиква

Во две кришки печена тиква има три грама влакна, а во исто време организмот ќе го снабдите и со витамин А, Ц , Е и калиум.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top