Напад на избирачко место во Ирак, тројца загинати

Три лица загинаа во бомбашки напад на избирачко место во сунитскиот регион, јужно од Киркук во Ирак..

Одговорност за нападот презема Исламска држава.

Извори велат дека две жртви биле гласачи, а третата набљудувач, пренесе Ројтерс.

Безбедносните извори велат дека нападот е поврзан со денешните парламентарни избори.

Екстремистите пред изборите кои се први од поразот на ИД во Ирак се закануваа со напади неколку дена претходно.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top