Напад со нож во Париз - две лица загинаа, седум се повредени

Едно лице е убиено, а седум се повредени во напад со нож во Париз, соопшти француската полиција..

Тие велат дека напаѓачот – кој не бил идентификуван – бил убиен од страна на полицијата. Двајца од повредените се во сериозна состојба.

Инцидентот се случи во центарот на Париз. Сведоци изјавиле дека луѓето панично бегале и се обидувале да се скријат во рестораните и кафулињата. Мотивот за нападот не е познат.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерард Колом, ја пофали полицијата за брзата реакција и рече дека сочувствува “со жртвите на овој грозоморен чин”.

Француската полиција ја предупреди јавноста да не шири гласини.”Ве молиме да споделувате информации само од доверлив извор”, објави полицијата.

Областа Опера каде што се случил нападот е позната по ноќниот живот, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Во Франција на сила се безбедносните мерки од највисок степен по серијата напади во текот на изминатите три години – некои извршени од припадници на т.н. Исламска држава.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top