Нападот во Минхен не е акт на тероризам

Германската полиција соопшти дека нападот со нож во Минхен не е акт на тероризам и дека уапсениот маж кој рани осум луѓе имал проблеми со менталното здравје..

Апсењето на 30-годишниот напаѓач го врати мирот на улиците во Минхен по страшното утро. Полицијата побара од жителите да останат во своите домови додека не го пронајде напаѓачот кој избегал со велосипед.

Началникот на полицијата Хубертус Андрае изјавил дека осум луѓе се полесно повредени и дека осомничениот ѝ е познат од претходно на полицијата затоа што бил приведуван за разни прекршоци меѓу кои и за кражби.

„Немаме никакви показатели за терористички напад мотивиран од политички или верски причини“, рекол тој.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top