Напаѓач во Франција со автомобил намерно се забил во студенти

Во францускиот град Тулуз маж со автомобил намерно се забил во група студенти, јавува Франс прес..

Според француската агенција,  во инцидентот се потешко повредени двајца студенти. Како што пренесува Би-би-си, мажот пред зградата на универзитет со автомобил се забил во група од тројца студенти во Блањак, предградие на Тулуз. Двајца студенти на возраст од 22 и 23 години се префрлени во локална болница.

Според првичните информации, сите тројца студенти се со кинеско потекло.

28-годишниот напаѓач, чие име не е објавено, е уапсен, а Би-би-си јавува дека има непотврдени информации дека станува збор за маж со тешки психички нарушувања.

Француските медиуми јавуваат дека нападот бил намерен, но истакнуваат дека возачот не е на листата на потенцијални осомничени за тероризам. Тој од претходно ѝ бил познат на полицијата по ситни прекршоци, меѓу кои и такви поврзани со дрога.

Си-ен-ен пренесува дека засега француската полиција смета дека не станува збор за терористички напад и дека истрагата не се води во таа насока.

Градоначалникот на Тулуз Жан Лук Моден на Твитер објави дека е шокиран од нападот врз студентите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top