Напаѓачите се вратија по Озил: Уапсени двајца сомнителни мажи во куќата на Месут

Во четврток навечер, пред куќата на Месут Озил, биле уапсени двајца мажи..

Ден подоцна Арсенал објави дека Озил, заедно со Колашинац нема да бидат во тимот за првото коло во Премиерлигата против Њукасл, бидејки се уште трае истрагата за нападот врз нив двајцата од пред две недели. 

Очигледно дека клубот бил добро запознат со ситуацијата која се случила ден порано, кога полицијата пред куќата на Озил уапсила двајца сомнителни мажи.

Ферхан Ерцан и Саламан Екинци, двајцата по 27 години, се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир и ќе мора да одговараат пред судот и на наједноставен начин да го објаснат своето присуство во самиот двор или куќа на Месут Озил.

Инцидентот беше една од најмалкуте две закани кон Озил и Колашинац последните неколку дена, а се почна претходниот месец, кога двајцата беа нападнати од воорушената банда.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top