Напиток кој ги чисти белите дробови

Ако сте пушач или поранешен пушач, вашите бели дробови веројатно се под влијание на токсините од цигарите..

За да ги прочистите, ќе ви користи овој напиток направен од овие три неверојатно здрави нешта, ѓимбир, кромид и куркума.

Ѓумбир

Меѓу останатото, помага во елиминирањето на вишокот секрет од белите дробови.

Кромид

Кромидот, како и лукот има антиканцерогени својства, а одличен борец е и при малигните состојби. Особено е делотворен во спречувањето на разни болести на дишниот систем.

Куркума

Куркумата е полна со витамини и минерали, а содржи и суперздрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и атиканцерогени својства.

За подготовка на напитокот потребно ви е:

– 400 гр кромид

– 1 литар вода

– 400 гр шеќер (доколку сакате поздрава варијанта користете мед или јаворов сируп)

– 2 лажици куркума

– корен ѓумбир

Подготовка

Во водата додадете го шеќерот, ставете на оган и оставете да зоврие.

Главиците кромид исечете ги на четвртинки, исецкајте го и коренот од ѓумбир и додадете ги во водата со шеќер. Кога мешавината повторно ќе зоврие додадете ја и куркумата и намалете го огнот на најслабо.

Мешавинаа нека се готви се додека количината на водата не се намали за половина. Потоа процедете ја и ставете ја во тегла. Кога целосно ќе се олади ставете ја во фрижидер.

Земајте по два лажици од овој еликсир секое утро и навечер два часа после оброкот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top