Напиток со кој ќе ги исчистите артериите, ќе го намалите холестеролот и ќе го зајакнете имунитетот

Направете домашен напиток кој го регулира нивото на масти во крвта и го зајакнува имунитетот….

Најзначајниот ефект на овој домашен напиток е регулирањето на нивото на масти во крвта. Покрај тоа, со консумирањето на напитокот ќе го зајакнете имунитетот и ќе му помогнете на организмот да ги елминира слободните радикали.

Еве што ви е потребно за подготовка на овој лековит домашен препарат:

– 4 главици лук (околу 40 чешниња)

– 4 лимони

– 3-4 см корен од ѓумбир или 2 лажици ѓумбир во прав

– 2 литри вода

Лимонот добро измијте го и исецкајте го на ситни парчиња. Чешнињата лук исчистете ги и испасирајте ги во блендер заедно со ѓумбирот и лимонот. Ставете ја мешавината во сад со вода на оган и варете додека не почне да врие.

Потоа тргнете го садот од огнот и оставете ја смесата да се олади. Процедете го напитокот и ставете го во стаклени шишиња.

Консумирајте по 3 децилитри од овој освежителен напиток еднаш дневно, барем два часа пред ручекот, на празен стомак. Пијте го напитокот три недели, а потоа направете пауза од една недела.

Пред употребата на природни лекови, особено доколку вашето здравје е нарушено, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top