Напивка што ги прочистува коронарните артерии и затнатите вени

Речиси на сите ни е потребно да го исчистиме телото од вишокот маснотии, да го исчистиме црниот дроб, како и коронарните артерии и затнатите вени..

Ви претставуваме напивка што покрај „чистењето“ на организмот, ќе го заштити вашето тело од вируси и бактерии, пишува „Мај Хелти Фуд Типс“.

Овој напиток ќе ги отстрани и слободните радикали, што имаат многу штетно влијание врз здравјето, особено врз крвотокот.

За да се подготви овој напиток потребно е: осум лимони, четири литри вода, парче ѓумбир и 8 парчиња лук.

Подготовка: Излупете ги лукот и ѓумбирот, лимонот исечкајте го на парчиња, па се заедно ставете во блендер. Откако ќе ги испасирате состојките, префрлете ги во сад и додадете ја водата, а потоа така подготвената смеса ставете ја да се вари. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете ја од шпоретот и оставете ја да се олади, а потоа процедете ја.

Еден час пред секој оброк пијте еден филџан од овој напиток. Потрудете се кога ќе го пиете напитокот да бидете гладни.

Напомена: Кога ја користите оваа природна напивка, би требало да бидете физички активни барем секој втор ден.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top