Напорна судска есен за обвинетите од СЈО

Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот за изборни измами и злосторничко здружување „Титаник“, во кое е обвинет поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен денеска, утре и в понеделник треба да се одржат уште 2 рочишта за предметот „Титаник“, а следната среда и четврток почнува судењето за предметот „Тенк“, во издвоена постапка, каде ѝ се суди на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа следната недела треба да се појави во судот во 4 од 5 работни дена. 

В среда продолжува судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Следниот петок треба да почне судењето за масовното прислушување, „Таргет-Тврдина“. 

Во септември, пак, се закажни рочишта за предметите „Тортура“, „Траекторија“, „Тарифа“, „Топлик“, „Тревник“ и „Тотал“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top