Направена снимка на планета оддалечена од Земјата 63 светлосни години

Егзопланетата наречена Бета Пикторис ц е втората планета откриена надвор од Сончевиот систем. Оддалечена е 63 светлосни години од Земјата..

Истражувачите од Институтот за астрономија „Макс Планк“ успеале да ја направат првата оптичка фотографија на оваа егзопланета. Снимката е направена со помош на најнапредниот оптички телескоп во светот во чилеанската пустина Атакама. Снимањето е извршено со методот на радијална брзина.

„Ова е првата директна потврда на планета откриена со методот на радијална брзина“, изјави Силвестре Лакур, предводникот на програмата за набљудување ExoGRAVITY.

Френк Ајзенхауер, водечкиот научник на проектот вели дека допрва почнуваат да ги истражуваат новите светови, од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија до планетите надвор од Сончевиот систем.

Системот Бета Пикторис се наоѓа на околу 63,4 светлосни години од Сончевиот систем. До денес се откриени само две планети кои кружат во младиот систем – првата откриена и фотографирана во 2008 година е наречена Бета Пикторис б. Втората, Бета Пикторис ц, е откриена во втората половина на 2019 година, а сега е направена нејзината единствена снимка.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top