Направени најблиските снимки од сонцето досега

Снимките покажуваат дека површината на Сонцето е прекриена со минијатурни пламени.

Вселенското летало Солар орбитер го сними Сонцето од далечина од 77 милиони километри, што се најблиските фотографии направени досега. Тие покажуваат дека површината на Сонцето е прекриена со „логорски огнови“, минијатурни верзии на драматичните соларни пламени видливи од Земјата.

Заедничката мисија на НАСА и Европската вселенска агенција треба да ја реши дилемата зошто атмосферата на Сонцето е толку потопла од неговата површина, што е централен парадокс во соларната физика. Сите постоечки телескопи немаат доволно добра резолуција за да ја набљудуваат површината на Сонцето во мали детали.

„Сонцето има релативно студена површина од само 5.500 Целзиусови степени, опкружена од супержешка атмосфера од повеќе од милион степени“, вели научникот од проектот Даниел Милер.

Мисијата вредна 1,3 милијарди долари беше лансирана во февруари и треба да го даде првиот увид во јужниот и северниот пол на Сонцето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top