НАСА доби задача: До 2033 луѓето ќе одат на Марс, научниците се противат

Американската вселенска агенција НАСА доби задача до 2033 луѓето да одат на Марс , на што не се согласуваат научниците..

Американскиот претседател Доналд Трамп во 2017 потпиша уредба со која и нареди на НАСА што поскоро да обезбеди патување на Марс на космомнаути , а малку подоцна и на цивили. По тоа НАСА одреди дека луѓето ќе патуваат на Месечината до 2024 , а на Марс до 2033 година. Но , научниците сметаат дека не е можно за толку кус рок да се освојува Марс.

,,Месечината е база за мисиите на Марс . Месечината е нашиот најбрз и најкус пат до Марс.” , изјави дирњекторот на НАСА, Џим Брајденштајн. Тој смета дека времето на Аполо и наредбата на Кенеди да се оди во вселената се минато , а сега треба да се соочиме со фактите.

,,Тоа нема да се случи. Ќе бидеме среќни доколку екипаж замине на марс до 2037 “ , вели директорот на НАСА.

Брајденштајн додава дека во најпесимистичката варијанта , би се патувало на Марс до 2060.

За патување до Марс е потребно многу повеќе подготовки , а потоа и опрема , летало и уште многу други новитети , велат од НАСА. за споредба патувањето на Месечината трае три дена ,додека за да се стигне до Марс се потребни шест месеци.

Целата  мисија би траела и две години , зашто Земјата и Марс се најблиску една до друга на секои 26 месеци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top