НАСА ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА НА ЦРВЕНАТА ПЛАНЕТА

Водата на Марс не само што е достапна туку и ја има во големи количини - ако тргнете кон екваторијалното подрачје и со себе понесете алатки за копање. Најновата објава што доаѓа од НАСА дава надеж за колонизација на Црвената Планета..

Имено, агенцијата нагласи дека водата се наоѓа под површината на планетата, а е опкружена со дебел слој на замрзната почва измешана со мраз. Своевидни подземни „водни резерви“ биле откриени благодарение на леталото „МРО“, односно „Марс рекоинасанс орбитер“. Тие опфаќаат осум локации каде што подземниот мраз бил акумулиран поради ерозија на површината.

Научниците се убедени дека новооткриениот мраз порано се појавил во форма на снег. Денес тоа постои во форма на релативно чист воден мраз опкружен со два метра зацементирана мешавина од мраз, карпи и прашина. 

Колин Дандас, главен автор на истражувањето и член на астрогеолошкиот оддел за геолошки истражувања, нагласува дека постои слој мраз под третина од површината на Марс.

Коавторот на истражувањето, Шејн Бирн, вели дека астронаутите буквално ќе можат да излезат од базата носејќи канта и лопата за да ја соберат водата што ќе им биде потребна.

Покрај практичните примени, мразот ќе им овозможи на научниците да ја откријат тајната што ја чува минатото на Марс. „Ако се започне мисија на една од овие локации, тогаш ќе може да се открие климатската историја на Марс. Овие откритија се дел од одличната приказна за вистинската историја на Марс. Како се таложи мразот? Кога се повлекува“, вели Лесли Тампари, научник од НАСА.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top