НАСА ја отвора за туристи Меѓународната вселенска станица, цената не може да си ја дозволи секој

НАСА објави дека од 2020 ќе им овозможи на туристите да ја посетуваат Меѓународната вселенска станица , со што се укинува долгогодишната забрана за приватни летови до ова вселенско летало..

Првите приватни космонаути ќе може да престојуваат на Меѓународната вселенска станица до 30 дена и до неа ќе патуваат исклучиво во американски летала. Еден ден на станицата би чинело 35 000 долари Годишно се планира да бидат изведени две приватни мисии, рече заменик директорот на НАСА, Робин Гатенс.

Инаку, првиот дел од Меѓународната вселенска станица е лансиран во 1998 година , а станицата има постојано екипаж од 2000 година.  

Промената на политиката во врска со станицата е најавена во понеделникот и тоа е чекор до нејзина целосна приватизација. До сега сите патувања и престојот на космонаутите го финансираше владата на САД , но според најавите на Трамп , тоа ќе прекине од 2025 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top