НАСА: Ловецот на планети откри нова „Супер-Земја“

Најновиот ловец на планети, што НАСА го лансираше во вселената во април, веќе успеа да се пофали со првата планета што ја откри..

НАСА објави фотографија од јужното небо на која може да се видат стотици илјади ѕвезди што дополнително ќе бидат анализирани во потрага по траги од поминувањето на планетите пред нив.

Станува збор за првата фотографија што ја снимија сите четири камери на сателитот TESS на која е опфатено подрачјето што ќе се анализира. Тоа беше само загревање.

Експертите на НАСА потоа објавија нацрт на проектот чија тема на истражување е првата планета што ја откри TESS. Тие наведуваат дека станува збор за „Супер-Земја“ што се наоѓа во орбитата на ѕвездата Пи Менса што е оддалечена 60 светлосни години.

НАСА го потврди откритието на потенцијалниот кандидат што ќе се запише на листата на планети. Новооткриеното небесно тело што е слично на Земјата, орбитира околу својата ѕвезда за 6,3 дена.

Супер-Земјата не е сама. Блиску до неа се наоѓа уште една планета, десетина пати поголема од Јупитер, на која ѝ се потребни 2.100 денови за да орбитира.

НАСА исто така го соопшти и откривањето на ѕвездата LHS 3844 што е оддалечена 49 светлосни години, а нејзината планета што доб ознака LHS 3844b ја обиколува за само 11 часа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top