НАСА на Исланд се подготвува за Марс

За претстојната мисија на Марс 2020 година, НАСА слета на Исланд каде се подготвува да се увери дали нејзиниот нов вселенски ровер е подготвен..

Петнаесет научници и инженери од НАСА три недели ќе го усовршуваат прототипот на робот за истражувањето на Марс.

Прототипот е мало електрично возило на четири тркала, со два мотори и 12 мали автомобилски акумулатори. Од НАСА велат дека роверот ќе биде неуништлив. 

Опремен со сензори, камери, роверот е тежок околу 570 килограми и се движи со брзина од 20 центиметри во секунда.

Возилото мора да биде споро за да правилно ги собира податоците и ги испраќа на Земјата, објаснуваат научниците.

Роверот што се испитува на Исланд е прототип на оној што наредната година ќе биде испратен на Марс. 

Инаку, Исланд и порано е користен како полигон за обука на астронаутите на НАСА. Во тек на мисијата Apollo 32 астронаути биле на геолошка обука на исландските полиња со лава.

Таквото опкружување на НАСА ѝ овозможува да ја истражи опремата и процедурата онака како што ја изведуваат луѓето, во екстремни услови, но на Земјата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top