НАСА пронајде шеќери во метеоритите што паднале на Земјата

Метеорити кои датираат од пред милијарди години и коишто паднале на Земјата содржат шеќери, велат истражувачите..

Меѓународен тим на научници пронајде „био-есенцијални“ шеќери во метеорити, кои содржат и други биолошки важни соединенија, се вели во соопштението на НАСА.

Астероидите – понекогаш наречени и мали планети, се небесни тела од нашиот Сончев систем кои орбитираат околу Сонцето – се основата од која настануваат повеќето метеорити. И теоријата сугерира дека хемиските реакции во рамките на астероидите можат да ги создадат некои од елементите неопходни за живот.

Во студијата објавена во Зборникот на Националната академија на науките, истражувачите анализирале три метеорити, вклучително и оној што слета во Австралија во 1969 година и датира од пред милијарди години. Претходните студии, исто така, се обидоа да ги испитаат метеорите за шеќер – но овој пат, истражувачите користеа различен метод на екстракција со употреба на хлороводородна киселина и вода.

Истражувачите откриле шеќери како арабиноза и ксилоза – но најзначајниот наод бил рибозата. Рибозата игра многу важна улога во нашата човечка биологија. Постои во нашите молекули на РНК (рибонуклеинска киселина) и испорачува пораки од нашата ДНК за да помогне во градењето на протеини за нашите тела, се вели во соопштението.

„Забележително е дека молекула толку кревка како што е рибозата може да се открие во таков антички материјал“, рече Џејсон Дворкин од НАСА, коавтор на студијата.

Откривањето на рибозата исто така сугерира дека РНК еволуирала пред ДНК, давајќи им појасна слика на научниците за тоа како може да се создаде животот. ДНК веќе долго време се сметаше за „урнек за живот“ – но молекулите на РНК имаат повеќе можности, како што се реплицирање без помош на други молекули, се вели во соопштението за печатот. Овие дополнителни можности, во комбинација со фактот дека истражувачите допрва треба да ги пронајдат шеќерите во ДНК во метеоритите, ја поддржуваат теоријата дека „РНК ја координирала машинеријата на животот пред ДНК“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top