НАСА сериозно следи чудна магнетна аномалија над Земјата

НАСА активно следи чудна аномалија во магнетното поле на Земјата, односно огромна област со помал магнетен интензитет лоцирана на небото помеѓу Јужна Америка и Југозападна Африка..

Овој феномен, наречен јужно-атлантска аномалија (ССА), со години ги збунува научниците. Имено, сателитите и вселенските летала се особено чувствителни на ослабената јачина на магнетното поле во рамките на аномалијата затоа што се повеќе изложени на наелектризирани честички од Сонцето, пишува Science Alert.

Генерално, јужно-атлантската аномалија не влијае на животот на Земјата, но има ефект врз орбитите на вселенските летала; вклучувајќи ја орбитата на Меѓународната вселенска станица. Кога вселенското летало поминува низ аномалијата, може да има дефект во нивните технолошки системи во случај да бидат погодени од високо-енергетски протони кои пристигнуваат од нашата ѕвезда.

НАСА неодамна започна да го следи ССА посериозно од две причини. Едниот е обид да се ублажат споменатите опасности за вселенските летала, а другиот е фактот дека тајната на аномалијата е одлична можност да се истражи комплексен и тешко разбирлив феномен.

„Магнетното поле е всушност суперпозиција на полиња од различни извори“, објасни геофизичарот Тери Сабака од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.

Се смета дека примарниот извор на аномалија е вител на стопено железо во јадрото на Земјата. Движењето на оваа блескава маса создава електрични струи кои предизвикуваат магнетно поле на нашата планета, и се чини дека не е подеднакво насекаде.

Огромната површина густа карпа која се наоѓа на околу 2.900 километри под африканскиот континент влијае на генерирање на магнетното поле, со што ослабува. Исто така, нашето магнетно поле е под влијание на наваленоста на магнетната оска на Земјата.

Иако оваа аномалија е сè уште голема мистерија за научниците, неодамнешните истражувања понудија некои увид во причините и последиците од оваа необична појава.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top