Наставничка удрила 10-годишник, му била укажана лекарска помош во амбуланта

Наставничка од село Челопек удрила 10-годишник, му била укажана лекарска помош во амбуланта, соопштија од Министерството за внатрешни работи..

– На 08.02 во 11.00 во Полициското одделение Жеровјане, С.З.(53) од село Челопек пријавил дека претходниот ден околу 09.30 часот неговиот 10-годишен син додека бил на час по математика, од страна на наставничката Х.З. бил удрен со дрвен предмет по рацете. На детето му е укажана лекарска помош во амбулантата во селото – велат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top