НАТО го поздрави носењето на Законот за одбрана

НАТО го поздрави донесувањето на Законот за одбрана со кој Македонија го вметна во своето законодавство Членот 5 од Вашингтонскиот договор т.е. обврската за колективна одбрана на НАТО..

Портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску, на својот твитер профил напиша дека носењето на законот е важна област од реформите во државата.

„Го поздравуваме донесувањето на Законот за Одбрана во Собранието на Република Северна Македонија. Ова е важна област од реформите за државата која се подготвува да се приклучи на НАТО како полноправна членка“, напиша Лунгеску на Твитер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top