НАТО Караванот денеска во Скопје

Во рамките на НАТО Караванот денеска во Скопје ќе се одржи еден од двата финални настани како дел од активностите на Инфо центарот за евроатлантски интеграции..

Ќе се дебатира за придобивките и предизвиците од членството во НАТО со студентите од Универзитет ФОН на тема:„Безбедна младина, посигурна иднина“ со почеток во 10 часот
на ФОН Универзитет – Скопје.

Говорници на дебатата ќе бидат претседателот Стево Пендаровски и Рејчел Галовеј, амбасадоката на Велика Британија во земјава.

Целта на настанот е да се поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идеата е настанот да им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top