НАТО ќе повтори дека финализирањето на договорот е клуч за членство

Според нацрт верзијата на финалниот заклучок на НАТО, на престојниот самит на Алијансата на 11 и 12 јули оваа недела, Македонија ќе добие порака дека пристапувањето кон Северноатлантската алијанса ќе зависи од финализирањето на договорот за името со Атина..

Владини извори од Атина за Катимерини велат Грција и нејзините партнери се на иста линија по ова прашање, а за него било дискутирано и за време на одделни телефонски разговори минатата недела меѓу американскиот потпретседател, Мајк Пенс и премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред десет дена изјави дека успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство а на претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел, Македонија ќе добие покана за започнување на пристапните преговори со Алијансата, ова е неодминлив услов низ кој поминале сите претходни земји членки, рече тој.

– Уверен сум дека шефовите на држави и влади ќе ја поканат ПЈРМ да започне пристапни преговори, потоа неколку месеци ќе имаме пристапни преговори и доколку внатрешните процеси се финализирани во земјата, тогаш можете да се приклучите кон НАТО, рече генералниот секретар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top