НАТО презентација на воени возила и опрема во Гевгелија

Граѓаните на Гевгелија имаа можност да ја проследат презентацијата на возила, вооружување и опрема на Армијата на САД и Македонската армија кои се дел од заедничката воена вежба „Одлучен удар 19“..

Граѓаните преку директна комуникација поблиску се запознаа со опшремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите на оваа досега најголема воена вежба кај нас.

„Одлучен удар“ е досега најголема вежба која ја организира нашата армија, а во која учествуваат околу 2700 војници од армиите на уште пет сојузници.

Вежбата која се изведува во периодот од 5 јуни до 8 јули на армискиот полигон Криволак има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата и зајакнување на меѓусебната соработка.


Извор: 1ТВ


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top