Научници од Тајланд тврдат дека откриле лек против ебола

Според истражувањето, новото антитело е доволно мало за да влезе во инфицираната клетка и да ги уништи протеините на еболата.

Тајландски научници соопштија дека откриле нов облик на антитела против вирусот ебола и тврдат дека е поефикасен од постоечкиот, меѓутоа новиот потенцијален лек треба да се тестира на животни и на луѓе.

-Горди сме што создадовме антитела против ебола- изјави Удо Качинтон, декан на медицинскиот факултет во Бангкок.

Според истражувањето, новото антитело е доволно мало за да влезе во инфицираната клетка и да ги уништи протеините на еболата. Воедно не е опасно за луѓето, бидејќи е создадено од човекови клетки и може да се репродуцира во големи количини.

Научниците тврдат дека ќе биде потребна една година за да создадат експериментална вакцина, но тој период може да биде и пократок доколку се дојде до нови откритија и подобри услови.

Тајландско-кубанската фармацевтска компанија „Siam Bioscience“ во Тајланд покажа интерес за тестирањето. Моментално во светот постојат неколку експериментални лекови за ебола како „Zmappa“, кој е комбинација на три антитела, а компаниите „GlaxoSmithKline“ и „NewLink Genetic“ имаат намера до крајот на годинава да произведат нова вакцина.

Во последните шест месеци со вирусот на ебола се заразија околу 6.553 лица, додека во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја починаа околу 3.100 лица.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top