Научници тврдат дека создале маска која го убива коронавирусот

Израелците тврдат дека измислиле маска што го убива вирусот Ковид-19..

Научниците велат дека смислиле заштитна маска која сама го уништува коронавирусот.

Маската е направена со помош на технологија за изработка на завои и воена опрема, а специфичноста на маската лежи во фактот деке нејзината ефикасност не се намалува со текот на времето.

Оваа маска е одлична за медицинските работници, како за сите луѓе кои сакаат максимално да се заштитат од вирусот. 

Маската во изгледот не се разликува од класичната маска за лице, но материјалот од кој е изработена има бакар оксид со антивирусни и антибактериски средства.

Во Израел научниците работеа и на изработка на вакцина против коронавирусот. 

Во земјата од коронавирусот починаа 789 луѓе. 

Вирусот е дијагностициран кај 98.550 луѓе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top