НАУЧНИЦИ: Заразените од коронавирус остануваат носители на болеста и по опоравувањето

Новиот коронавирус може да преживее во телото најмалку две недели откако симптомите на болеста ќе исчезнат, а пациентите, најверојатно, не се многу заразни во периодот после престанувањето на симптомите, покажува кинеска студија..

Веста за опстанок на вирусот по престанокот на симптомите можеби не е лоша вест затоа што човечкото тело развива отпорност на вируси кои опстојуваат во него подолго време, вели Крис Џонсон, епидемиолог во Институтот за јавно здравје при Универзитетот Темпл.

„Ако вирусот се задржи во човечкото тело, можеби нема повторно да ја добие инфекцијата“, вели таа.

Новата студија, објавена во магазинот „ЈАМА“ во четвртокот, на 27 февруари, следеше четворица медицински професионалци на возраст од 30 до 36 години кои развиле КОВИД-19, болест предизвикана од новиот вирус на корона. Тие биле третирани во универзитетската болница Јонгнан во Вухан од 1 јануари до 15 февруари. Сите четворица закрепнале а само еден пациент лежеше во болница за време на болеста. Тие биле третирани со оселтамивир, подобро познат под трговската марка „Тамифлу“.

Пациентите се сметале за излечени откако престанале симптомите и два теста покажале дека се негативни на вирусот. После тоа, тие биле во изолација уште пет дена дома, и после тие пет дена, 13 дена им земале брисеви од грлото за повеќекратни тестови.

Сите тестови направени од петтиот до 13 ден биле позитивни на вирусот.

-Ваквите резултати наведуваат на заклучокот дека барем одреден дел од заболените пациенти и понатму може да бидат носители на вирусот-се наведува во истражувањето.

Не е невообичаено ниското ниво на вирус да остане во организмот дури и по лекувањето, велат експертите. Тест, на кој четири пациенти во Вухан биле подложени за пребарување на генетски фрагменти на вирусот во телото, објаснува Ебенезер Тумбан, виролог на Универзитетот за технологија Мичиген.

“Тамифлу“ што го примале може да го намали на минимум бројот на копии на вирусот во организмот. Во тој момент, тестот веројатно не може да ги открие. Но, откако беше прекинат третманот, вирусите веројатно почнаа повторно да се репродуцираат. Тие не беа доволни да предизвикаат оштетување на ткивата, така што пациентите не чувствуваа симптоми. Но, бројот на копии на вирусот сè уште беше доволно висок за да се открие во анализата, посочуваат во истражувањето.

Во тој момент, тие веројатно не беа значајно заразни, вели Џонсон. Кашлањето и кивањето ги расфрлаат честичките на вирусот, но тие не кашлаа и киваа. Затоа, ќе биде неопходен поблизок контакт за да се пренесе вирусот.

- Тие треба да бидат внимателни дома, да не пијат од иста чаша и да ги мијат рацете често. Тие се само носители на вирусот, тие веројатно не можат да го пренесат, освен во многу близок контакт, преку пијалоци и храна - вели Крис Џонсон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top