Научниците предупредуваат: Нa Земјата нема да живеат ниту милијарда луѓе

Дури и ако човештвото го намали испуштањето на стаклени гасови, како што е предвидено во Парискиот климатски договор, самата планета може да ги спречи човечките напори и засекогаш да се претвори во ефект на стаклена градина, се вели во најновата студија..

Со такво сценарио, просечната температура на Земјата може да биде 4 или 5 Целзиусови степени повисока во однос на прединдустрискиот период, што е многу повеќе од предвиденото со Парискиот договор (макс +2 Целзиусови степени), се наведува во студијата.

Емисијата на стаклени гасови веќе предизвика зголемување на просечната температура на Земјата за 1 степен, зголемувајќи ја и веројатноста и интензитетот на летните горештини, суши и бури.

Научниците опишуваат десет аспекти на Земјиниот систем, кои сега се неутрални или имаат корисен ефект, но во иднина би можеле да бидат фатални, предизвикувајќи повисоки емисии на јаглероден диоксид и метан во атмосферата отколку сите човечки активности заедно.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top