Научниците предвидуват дека во Етиопија може да се формира нов океан

Африканскиот континент може да се „распарчи“ како резултат на тактонски удар на територијата на пустината Афтар во североисточна Етиопија, што би довело до формирање нов океан по пет до десет милиони години..

Како што истакнува во емисијата за телевизијата NBC, истражувачот од Универзитетот Лидс, Кристофер Мур, лоцираната зона се наоѓа на крстосувањето на три тектонски плочи и веќе започнала да се разидува, образувајќи во 2005 година пукнатина долга околу 56 километри. Следењето на промените кои се одвиваат во етиопската пустина, се спроведува преку анализа на податоците добиено од сателитските радари.

„Оваа пустина (Афар) е единственото место на Земјата каде можете да проучувате како континенталното раздвојување станува океанско раздвојување“, вели Мур.

Геофизичарката Синтија Ебингер од Универзитетот Тулејн во Њу Орлеанс, во државата Луизијана, ги поврзува тектонските процеси со зголемениот притисок предизвикан од растечката магма. Се очекува, дека по формирањето на разделувањето, водите во Аденскиот залив и Црвеното Море да ја потпопат Афар и Источно-арфиканската раседлина, создавајќи нов океан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top