Наум Петрески до македонските газди на кои требало да им пее: Ми бараа песни од српски и босански колеги покрај мои 370 авторски песни!

Фолк пејачот Наум Петрески е редовен корисник на социјалните мрежи, а важи и за едни од оние што немаат влакна на јазикот во своите Фејсбук статуси..

Овој пат на неговиот ѕид осамна коментар упатен до македонските газди и директори на кои требало да им пее на приватна прослава.

„Ние се чудиме зошто не се слуша нашата музика. Големите газди и директори на јаки фирми (некогаш ќе ги прочитам јавно по име и презиме) на нивна прослава ми бараа песни од српски и босански колеги покрај мои 370 авторски песни. Одма си отидов од таму без задржување. Мене ми падна срам што сум Македонец. Ќе ги спомнам некогаш во моите мемоари“, напиша Наум.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top