Науновски: Латас им дава лажна надеж на ВМРО-вците - им одмага место да им помага

По вечерашната колумна на новинарот и колумнист Драган Павловиќ Латас, со своја реакција и коментар на неговата колумна се јави Тони Науновски. Ова е неговиот статус:.

,,Тотално погрешна и нереално оптимистичка анализа и антиципации на настаните. Неверојатно. Прво, Хан и Рикер и други ќе извршат притисок врз вмро дпмне да гласа за ново сјо (во рамки на јо, што е уште полошо), што значи сјо ќе продолжи со нов мандат и проширени ингеренции.

Второ, никако не смее да се потцени Сдс и Заев, како и нивната логистика во т.н. Граѓански организации и НВО. Ќе се борат докрај за нов мандат, уште повеќе што сеуште имаат странска поддршка. И ќе имаат, несомнено.

Трето, трагичниот обид села и беса да бидат коалиција на вмро дпмне е гротеска, срамота воопшто и да се помисли, тие се уште порадикални во барањата и од дуи. Не бива таа работа, бидете сигурни. А ако случајно коалицираат, тогаш за вмро дпмне нема да гласаат дури и нивните членови, а камоли самосвесните Македонци.

Четврто, за нас нема дип стејт и стејт. Американската политика и планови за нас беа и останаа исти, без разлика дали е Обама или Трамп. Петто, се сомневам дека Сдс ќе дадат пржинска влада, и предвремени избори.

Шесто, комично непознавање на колективниот дух на Македонскиот народ е верувањето дека ќе гласаат за вмро дпмне за повисоки плати и помали даноци и сл. Не, сега ќе гласаме ако ветат јавно и гласно дека ќе го поништат преспанскиот, бугарскиот и двојазичноста. А за тоа во колумнава пропаганда за вмро дпмне ниту збор. Ужас.
Седмо…

Ме мрзи и не сакам да се заморувам веќе со политика. Јас сум длабоко убеден дека сме готови, и дека само господ или големи балкански геополитички промени можат да не спасат. На тоа треба да се работи, на барање големи светски пријатели. А да, со вакво вештачко билдање на оптимизам кај вмро дпмне не им се прави услуга. Напротив.”



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top