Навивачите на Арсенал конечно се израдуваа на големо засилување, но Мурињо им го „скрши филмот“

Навивачите на Арсенал по долго време и големи протести конечно дочекаа да се израдуваат на едно големо засилување, откако Венгер успеа да го доведе Александре Лаказет, а Жозе Мурињо имаше што да каже за тоа..

Александре Лаказет е нов играч на Арсенал, а навивачите се во екстаза што Венгер конечно доведе играч од висок калибар, сепак „Специјалниот“ не е воодушевен од тоа.

Тензиите на релација Мурињо – Венгер одамна постојат, тие двајца никогаш не се сложуваа и често се провоцираа, а често со своите изјави само го засилуваа притисокот.

Најновата изјава која ќе ги разочара навивачите на Арсенал доаѓа од страна на Мурињо, ако може да се верува на „Дејли Експрес“.

Имено, тој го прокоментира најновото засилување на Арсенал, Александре Лаказет.

„Лаказет не е издржлив играч, нема физичко влијание во играта и не е добро подготвен за Премиер лигата. Овен тоа, тој не е играч за големи натпревари“, изјавил Мурињо, а пренесе „Дејли Експрес“.

Дали Мурињо знае нешто што Венгер не го знае или ова е само дел од игрите на португалскиот стручњак кој го префрла притисокот на другите, по некој свој обичај?



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top