Навивачите на Барса во транс: Нејмар се враќа на Камп Ноу!

Спортскиот директор на Барселона, Хосе Сегура изјави дека не ја исклучува можноста Нејмар наскоро да се врати во каталонскиот тим..

На Бразилецот му се лутат поради начинот на кој си замине од Барса, но за него сепак важат други правила во однос на другите фудбалери.

„Прашањето околу враќањето на Нејмар не е актуелен бидејќи ние се држиме до некои принципи кои тој ги прекрши. Сепак, тој не си замина во процесот на развој, туку откако стана зрел играч и него сега го оценуваме само како еден од играчите се достапни на трансфер пазарот. Затоа е можно повторно да го облече дресот на Барселона“, изјави Сегура.

Нејмар си замина од Барселона летото 2017 година и до моментов е најскап фудбалер во историјата со 222 милиона евра.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top