Навивачите на Ливерпул во очај: Кога Компани ќе даде гол до 30 метри, тогаш знаеме дека сме проклети

Навивачите на Ливерпул очајуваат, а беа толку блиску последното коло од Премиер лигата да го дочекаат на првото место на табелата..

Токму кога изгледаше дека Лестер може да освои барем бод на „Етихад“, Венсан Компани по првпат по 10 години постигна гол надвор од шестнаесетникот.

Искусниот белгиски стопер распали проектил и топката заврши во мрежата на Лестер. Тоа беше гол на одлука, па Сити последното коло и гостувањето кај Брајтон го дочекува како лидер. Сега на тимот на Гвардиола му е потребна само уште една победа за титулата.

На „Енфилд“ веројатно повеќе од било кого заслужија да бидат шампиони, но едноставно немаат среќа оваа сезона.

Навивачите на Ливерпул сметаат дека се проклети, особено по голот на Компани вечерва.

„Кога Компани ќе даде таков гол од 30 метри тогаш знаеш дека сме проколнати“, гласеше коментарот на еден навивач на Ливерпул на Твитер.

„Невозможно е Компани да го направи тоа. Па ние сме проклети, нема друго објаснување“,напиша друг.

„Завршив со фудбалот, дефинитивно сме проколнати“, исто така беше еден од коментарите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top