Навивачите на Ливерпул загрижени - има ли проблем на теренот ?

Екипата на Ливерпул одлично ја почна сезоната со пет победи од исто толку натпревари во Премиер лигата, но навивачите на „црвените“ се загрижени..

На социјалните мрежи се активни и се прашуваат дали е се во ред во комуникацијата на двајцата напаѓачи: Мохамед Салах и Садио Мане.

Во текот на вчерашниот дуел со Тотенхем (головите ги постигнаа Вајналдум и Фирмино) Ливерпул не реализираше неколку шанси, а имаше лоша соработка меѓу Салах и Мане.

Во една од контрите Мане, не го проигра Салах, туку Кеита, а во текот на дуелот и Салах имаше неколку „себични“ акции. Тоа не му се допадна и на менаџерот Јирген Клоп, кој луто реагираше покрај аут линијата.

Навивачите се загрижени дали се е во ред во нивниот однос.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top