Навивачите слават, Кристијано разочаран: Не се сеќавам убаво на голот!

Кристијано Роналдо е разочаран по денешниот натпревар на неговиот тим против Емполи иако тој е херојот на навивачите на Јувентус..

Италијанскиот првак славеше со 2-1 со пресврт благодарение на двата гола на Роналдо од кои особено атрактивен беше вториот.

„Не се сеќавам на голот убаво. Ќе морам повторно да го погледнам, се случи многу брзо и не успеав да видам“, рече Роналдо по натпреварот.

Португалецот стигна веќе до седум гола во дресот на Јувентус и го врати својот нов тим на победничките патеки во Серија А.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top