Навивачите во прашалници: Зошто го немаше Роналдо?

Фудбалерите на Реал Мадрид ги собраа индивидуалните награди на церемонијата на УЕФА во Монако, но на неа го немаше Кристијано Роналдо кој летово се пресели во Јувентус..

На големо изненадување, тој не беше прогласен за најдобар играч за минатата сезона бидејќи признанието отиде во рацете на Лука Модриќ. Љубителите на фудбалот се прашуваат зошто Португалецот не присуствуваше, постапка што беше карактеристична за него во периодот кога доминираше Лионел Меси.

Никој го нема точниот одговор, само што италијанските медиуми почнаа да шпекулираат. Наводно, Роналдо знаел дека нема шанси, а времето го искористил за одмор пред продолжението од Серија А. Тој веќе одигра два натпревара за Јувентус, а не успеа да постигне гол. Ако не ја запали Италија со своите настапи, се помали се шансите да ја освои Златната топка бидејќи меѓу фаворитите се Антоан Гризман и Лука Модриќ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top