Наводите на Пендаровски дека бил следен се претвораат во рашомонијада

Премиерот Зоран Заев и Стево Пендаровски имаат различни мислења околу следењето на претседателскиот кандидат од мнозинството од служби блиски на опозицијата. Премиерот Заев вели дека Пендаровски бил фотографиран за да се види што возило возел..

Сепак, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, изјави дека тој го пријавил случајот вчера во полициската станица за да се разјасни причината за неговото следење и сликање.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека ја примил пријавата на Стево Пендаровски и дека работи на расчистување на случајот.

Кон обвинувањата на Стево Пендаровски дека го следат структури блиски до опозицијата, реагираше ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Наум Стоилковски побара одговор од Министерството за внатрешни работи дали Пендаровски е следен и дали граѓаните на земјата се безбедни.

„Поминаа три дена и сè уште нема одговор за јавноста, дали странските служби ги следат претседателските кандидати, или можеби тие се само во главата на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Оливер Спасовски, се ‘уште нема одговор дали државата е безбедна. Дали Оливер Спасовски гарантира безбедна средина за претседателската трка“, праша Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Вчера, кандидатот за претседател на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, рече дека е следен и сликан од структури блиски до опозицијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top