НБА почна со стил: Два дерби дуели, една хорор-повреда, едно големо изненадување

Со два интересни натпревари ноќеска почна новата сезона во НБА лигата која ветува големи возбудувања..

Првиот меч го одираа Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс. Славеше вицешампионот со 102:99, но натпреварот остана во сенка на хорор-повредата на Гордон Хејворд во шестата минута. Поранешниот играч на Јута доживеа двојна скршеница на ногата и веднаш беше префрлен в болница, но јасно беше дека никому потоа не му е до кошарка.

Кливленд имаше предност од 18 поени во првото полувреме, но Браун и Ирвинг се погрижија за пресврт, па Селтикс дури добија шанса за израмнување. Не ја искористи Ирвинг кој во последните секунди промаши тројка. Леброн постигна 29 поени, 16 скока и девет асистенции, а на другата страна Браун реализира 25 поени.

Изненадувањето го направи Хјустон кој на гости кај шампионот Голден Стејт славеше со 122:121. Вориорс водеа со 13 поени разлика по три четвртина, но гостите се погрижија за пресврт во последните 12 минути и дојдоа до победата. Џејмс Харден со 27 поени беше најефикасен на мечот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top