Не дали, туку кога ќе си оди: Захави откри кои три клуба се опција за Левандовски

Пини Захави не е повеќе човекот од сенка. Блискиот пријател на спортскиот директор на ПСЖ Антеро Енрике се истакна минатото лето како посредник во доведувањето на Нејмар од Барселона.

Со оглед на тоа дека има полско потекло, не чуди што е достапен за тамошните медиуми, а во интервју за локалниот „Спортски Преглед“ зборуваше за своите досегашни искуства, но и за новиот пулен Роберт Левандовски кому неодамна му стана менаџер и кој се обидува да го одведе од Баерн.

Тој најпрво зборуваше за Нејмар…

„Нејмар сфати што е најважно за него. Во фудбалот постојат три суперѕвезди: Меси, Роналдо и Нејмар. Не можат да играат заедно за еден клуб. На Камп Ноу Бразилецот и понатаму ќе беше број два зад Меси. Слободни удари, пенали, се изведува Лео. Нејмар дојде во Шпанија како млад грач, се разви и сега е топ. Има 26 години и осум или девет сезони на топ ниво. Му требаше слобода, а ПСЖ има големи амбиции. Пред Нејмар никој не го гледаше францускиот фудбал, неговото доаѓање го промени и тоа“, тврди Захави.

Секако, Полјаците најмногу ги интересираше ситуацијата со нивната прва ѕвезда. Роберт Левандовски се почесто се споменува како нов напаѓач на Реал, но Захави, по вокација инаку новинар, вели дека постојат повеќе опции.

„Прво, Роберт е најдобриот напаѓач на светот и не постои подобар голгетер од него во овој момент. Има неверојатно чувство за гол, за движење, поставување, има се. Не се лажам, неговиот трансфер ќе биде тешка и деликатна операција. Созреа, има 29 години и три титули најдобар стрелец во Бундеслигата и му требаат нови предизвици. Постојат три клуба кои во овој момент се во можност да го доведат, а тоа се Реал, Челзи и ПСЖ. Но, се знае и ставот на Баерн и ќе треба да ги наговориме да го пуштат Роберт, секако, за вистинската цена“, заклучи Захави.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top