Не издржаа: Чкембари и Комити се степаа за време на натпреварот Македонија - Полска

Инцидент меѓу Чкембари и Комити вечерва е регистриран за време на натпреварот помеѓу Македонија и Полска, дознава SPORTM.mk.

Како што веќе објавивме денеска, ФФМ донесе одлука двете навивачки група да бидат на иста трибина, иако тоа и беше малку провокативно.

Како што дознава SPORTM.mk, иако двете навивачки групи не биле во директен контакт, сепак успеале преку решетки да предизвикаат тепачка.

Веднаш реагирала полицијата, по што се смирира напднатата ситуација.

Инаку, навивачката група Чкембари на гости кај себе во Битола имаше дел од гостите од Полска бидјеќи двете навивачки групи пред извесен период се збратимија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top