Не можат да се договорат за коалиција, а ќе прават Сојуз на албански општини

Зијадин Села за неколку дена се појавува со контрадикторни изјави, најпрво даде поддршка за ДУИ во Кичево со кандидатот кој е актуелен градоначалник Дехари, па побара објаснување од Ахмети што ќе направи тој за него кога ќе дојде во Струга..

Дали предвидената соработка меѓу владините партнери АА и ДУИ која нема да се материјализира во барем една многу важна општина за албанските партии значи дека Села веднаш мора да одговори со провокација најавувајќи дека ќе се формирал Сојуз на албански општини.

Што точно ќе работи Сојузот на албански општини и како истиот го замислува Зијадин Села засега нема повеќе детали што е доволно повторно ваквите изјави да бидат злоупотребени и да се искористат за националистичка кампања. Секако, кај Македонците веднаш ваквиот став алудира на сепаратизам, особено што се користат флоскули како албански јазик на целата територија. 

Да постетиме дека во екот на политичката криза огромно масло на оганот додаде формирањето на Унија на општините Тетово, Приштина, Тирана, Улцињ и Прешево што веднаш беше прогласено како обид за Голема Албанија на мала врата иако беше еден обичен договор за соработка меѓу градоначалниците. 

Барем досега кампањата за локалните избори кај албанските партии не беше поврзана со препознатливиот национализам. но ете во финишот мора да се извадат и традиционалните џокери на маса. Села исто така посочи дека Алијансата е заслужна што Талат Џафери е избран за собраниски спикер како тоа што е Албанец да е негово најголемо животно достигнување. 

Се очекува и одговор од ДУИ за ваквите тврдења, но и од останатите албански партии како БЕСА и ДПА од кои секоја има своја посебна агенда и досега ниту една не споменала Сојуз на албански општини.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top