Не можеше да избере подобар момент: Колку време чекаше Чупо Мотинг на овој гол?

Ерик Максим Чупо Мотинг сезонава беше петти избор за нападот на ПСЖ, предност пред него имаа Нејмар, Мбапе, Икарди и Кавани, па дури и Ди Марија ако се смета дека Аргентинецот игра како крилен напаѓач во формацијата на Тухел..

Најчесто влегуваше како замена, тоа беше случај и вечерва и веројатно затоа неговата статистика не е блескава. Забележа 17 настапи и постигна пет гола, сметајќи ги сите натпреварувања. 

Вечерашниот гол против Аталанта беше прв за него во Лигата на шампионите оваа сезона и вкупно втор во елитното европско натпреварување.

Иако е веќе две сезони член на ПСЖ, дури денеска првпат се запиша во листата на стрелците во ЛШ во дресот на својот клуб и не можеше да најде подобар момент за тоа бидејќи со него го однесе во полуфиналето. Претходниот погодок во Лигата на шампионите, единствен до вечерва, го постигна на 21 октомври 2014 година кога беше член на Шалке, а во дуелот со Спортинг Лисабон.

Куриозитет е тоа што е постигнат во истата минута како сега (93.) и со него, како и вечерва, му донесе победа на својот тим, тогаш со 4-3. Единствената разлика е што беше прецизен од пенал што значи дека овој гол му е прв од игра во Лигата на шампионите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top