Не се работи за повреда: Фил Невил знае зашто Де Геа не бранеше против Сандерленд

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Невил смета дека ја знае точната причина поради која голманот Давид де Геа не бранеше на денешниот натпревар против Сандерленд..

Официјалната верзија беше дека шпанскиот голман е повреден и Мурињо го чува за дуелот против Андерлехт во Лигата Европа, но Невил не верува во тоа. Последните денови Де Геа тренираше нормално и немаше најави дека е повреден, па оттука и сомнежот кај поранешниот фудбалер на Јунајтед.

“Уште сум импресиониран од тоа што Де Геа отпадна од конкуренција за овој натпревар. Мене повеќе ми личи дека е избркан од тимот. Ако беше повреден, Мурињо на прес конференција пред или по мечот со Сандерленд ќе кажеше дека е повреден. Во овој случај не беше така и јас мислам дека тој е надвор од тимот поради тоа што Реал Мадрид е заинтересиран за него. Сметам дека и самиот Де Геа нема против таков трансфер, па затоа е на тенок мраз кај Мурињо”, изјави Невил кој, сепак, е на мислење дека голманот ќе брани на дербито против Челси идниот викенд.

Во отсуство на Де Геа, Ромеро немаше многу работа во дуелот со Сандерленд, а Јунајтед победи со 3-0. Се уште се чека одлуката дали ќе брани против Андерлехт в четврток.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top