Не се само победите: Јунајтед синоќа напиша историја во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед се прошета низ Вила Парк и сега е на само еден бод од четвртото место кое води во Лигата на шампионите..

Сезоната е пред крај, но тимот може да ја заврши со два трофеја – во ФА Купот и во Лигата Европа. Ако продолжи со вакви игри, ништо не е невозможно бидејќи овој Јунајтед е чиста спротивност на оној што ја почна сезоната.

На синоќешниот меч против Астон Вила, „ѓаволите“ ја сменија историјата на Премиер лигата. Станаа прв тим во постоењето на ова натпреварување кој на четири натпревари во низа победил со по три гола разлика. 

Шефилд Јунајтед, Брајтон и Астон Вила ги победи со по 3-0, а Борнмут со 5-2. Да играа вака од почетокот на сезоната, веројатно сега ќе беа најефикасен тим во лигата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top