Не стивнуваат пожарите во САД: Досега 24 жртви, во Орегон се евакуираат половина милион жители

САД околу еден месец бијат битка пожарите на западниот брег, активни се околу 100 пожари во 12 сојузни држави, а најпогодени се Орегон, Калифорнија и Вашингтон..

Екстремните пожари досега изгореле област голема колку сојузната држава Њу Џерси, a во некои делови уништени се и цели населби.

Регистрирани се најмалку 24 жртви. Најголем дел од нив – 20, како што пренесува „Си-ен-ен“, се во Калифорнија, а четири во Орегон и Вашингтон.

Според, „Ројтерс“, наредена е евакуација на половина милион луѓе во Орегон односно 10 проценти од населението, а во најголемиот град во оваа држава, Портланд, е издадено предупредување жителите да се подготват за пожари во екстремни размени со оглед дека нивниот правец го диктираат ветровите.

Чадот кој го создаваат пожарите ги искачи овие три сојузни држави и врвот на светските листи за најлош квалитет на воздухот.

Властите изминатите денови излегоа со предупредување дека овие пожари може да предизвикаат рекордна штета, вклучувајќи го и бројот на жртви.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top